Веројатно и вие, како и повеќето луѓе, секогаш ја фрлате кората од лимон откако ќе ја искористите содржината на лимонот.
Сепак, правите голема грешка бидејќи кората од лимон може да ви послужи на многу начини.
- Ги отстранува непријатните мириси
Кората од лимон ги отстранува најнепријатните мириси. Еден од начините на кој можете да го користите е да го ставите на дното на корпата за отпадоци за да го апсорбира непријатниот мирис од неа. - Исчистете ја микробрановата печка
Во сад со вода ставете ја кората од лимон и ставете ја во микробранова печка. Вклучете ја највисоката температура и загревајте околу пет минути. На овој начин ќе ги отстраните непријатните мириси од микробрановата печка, но и бактериите и нечистотијата што се насобрала во неа. - Избркајте ги мравките
Лимонот содржи природна арома која е отвратителна за мравките, па ова е добар начин да се ослободите од нив доколку ви прават проблеми. Доволно е да се стави кора од лимон на „критичните места“ и мравките повеќе нема да се појават. - Освежете го фрижидерот
Исто како кога станува збор за микробранова печка, така можете да го исчистите и фрижидерот на ист начин. Ставете неколку кори од лимон во фрижидер и сите непријатни мириси ќе исчезнат. - Чистење на кожата
Исчистете го лицето со кора од лимон доколку имате проблем со акни или кожа која брзо се масни. На овој начин ќе го регулирате лачењето на себум, ќе ги намалите флеките и ќе го изедначите тенот. - Белење на заби
Содржината на киселина во кората од лимон може да ви помогне да ги отстраните дамките на забите. Тријте ги забите со внатрешниот, бел дел од кората од лимон неколку минути. Потоа исплакнете со млака вода. Повторувајте го третманот од време на време.