Дали мислите дека одите премногу често во тоалет или напротив, не одите толку често?
Дознајте колку пати на ден е сосема здраво да одите во тоалет.
Просечен човек уринира шест до осум пати на ден, но тоа е и четири до 10 пати нормално. Зачестеноста на мокрењето е под влијание на многу фактори како што се возраста, големината на мочниот меур, количината на течност што ја пиете и колку пиете алкохол и кофеин. (Значи, ако пиете кафе како вода, тоа може да го објасни вашето често „одење“ во тоалет).
Меѓутоа, доколку забележите дека сте почнале да одите во тоалет почесто од вообичаено, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
Ненадејната потреба за често мокрење, дури и во средината на ноќта, може да биде знак дека имате активен мочен меур, што значи дека мускулите во ѕидот на мочниот меур се ослабени (сигнализирајќи ја потребата за мокрење), дури и ако количината на урината во мочниот меур е мала. Во овој случај, Кегеловите вежби навистина можат да ви помогнат.
Други симптоми, како што се чувство на печење, инфекција и непријатност што исчезнува по мокрењето, укажуваат на циститис (синдром на болка во мочниот меур). Сè уште не е позната точната причина за оваа состојба, ниту пак постои универзален лек, но задолжително консултирајте се со лекар кој може да ви помогне.