Дома Интересно Колку добро ги познавате нашите планините проверете на квиз…

Колку добро ги познавате нашите планините проверете на квиз…

1422
0

Линк за да го проверите вашето знаење…

Кликете тука…

Врз основа на детално изведени ГИС анализи на тридимензионалниот дигитален модел на релјефот на Република Македонија, а користејќи ги претходно наведените критериуми, во Република Македонија се издвојуваат околу 40 планини и планински масиви и тоа:

Кораб (Корабски масив: Кораб со Дешат и Крчин), со највисок врв Голем Кораб (2753 м).
Шар Планина (Шарпланински масив), со највисок врв Титов Врв (2747 м).
Баба, со највисок врв Пелистер (2601 м).
Јакупица (Јакупички масив или Мокра), со највисок врв Солунска Глава (2540 м). Како дел од овој масив се Јакупица, Караџица, Даутица, Голешница и Китка. По површина е најголем планински масив во Македонија.
Ниџе (Ниџе со Кајмакчалан и Козјак), со највисок врв Кајмакчалан (2520 м).
Галичица (со Стара Галичица, Асан Ѓура и Исток), со највисок врв Вир – 2288 м (во Албанија). На територијата на Република Македонија, највисок врв е Кота (2265 м).
Стогово (Стогово со Караорман), со највисок врв Голем Рид (2268 м).
Јабланица, со највисок врв Црн Камен (2256 м).
Осоговски планински масив (со Лисец, Плавица, Синковица), со највисок врв Руен (2252 м).
Кожуф, со највисок врв Зелен Брег (2165 м).
Бистра, со највисок врв Меденица (2163 м).
Сува Гора (Сува Гора со Добра Вода и Песјак), со највисок врв Добра Вода (2061 м). Според одредени карактеристики, Сува Гора може да се смета за одделна планина од Добра Вода и Песјак.
Беласица, со највисок врв Радомир (во Бугарија) од 2029 м. Во Македонија, највисок врв е Тумба (1881 м).
Илинска, Плакенска и Бигла (планински масив), со највисок врв Сталев Камен (1998 м) во делот на Плакенска.
Влаина, со највисок врв Кадиица (1932 м). Може да се смета како дел од Малешевско-Влаински планински масив.
Малешевски Планини, со највисок врв Џами Тепе (1801 м). Може да се смета како дел од Малешевско-Влаински планински масив.
Бушева Планина со Баба Сач и Лубен (планински масив), со највисок врв Мусица (1788 м).
Плачковица, со највисок врв Лисец (1752 м).
Бабуна со Мукос, Козјак и Злато (планински масив) и највисок врв Козјак (1746 м).
Огражден, со највисок врв Огражден или Огражденец (1744 м).
Билино со Герман и Чупино Брдо (планински масив), со највисок врв Чупино Брдо (1703 м). Често, Герман се смета за одделна планина иако релјефно не е сосема издвоена од Билино.
Дрен или Дрен Планина, со највисок врв Ливада (1663 м).
Скопска Црна Гора (планински масив со Езерска Планина и Карадак; Црна Гора во поширок контекст) и највисок врв Рамно (1651 м).
Голак со Обозна и највисок врв Чавка (1538 м).
Буковиќ, со највисок врв Тепе (1528 м). Понекогаш се смета за дел од масивот на Сува Гора со Добра Вода и Песјак, иако е релативно јасно издвоен како посебна целина со површина од 98 км кв.
Древеник, со највисок врв Кале (1494 м). Оваа планина северно од Битола ги има сите елементи на јасно одвоена (со Црна Река и Шемница) средно-висока планинска целина: релативна височина од околу 900 м, површина од 118 км кв. и просечен наклон поголем од 10 степени!
Селечка Планина, со највисок врв Висока (1471 м).
Облаковска Планина, со највисок врв Бел Камен (1430 м). Слично како и Древеник, оваа планина северно од Битола ги има сите елементи на јасно одвоена (со Шемница и Драгор) средно-висока планинска целина: релативна височина од околу 850 м, површина од 96 км кв. и просечен наклон поголем од 10 степени!
Готен, со највисок врв Грамадник (1420 м).
Бејаз Тепе, со највисок врв Бејаз Тепе (1348 м). Јасно одвоена (со Брегалница и Желевица) средно-висока планинска целина, со релативна височина од 600 м, површина од 94 км кв. и просечен наклон поголем од 10 степени!
Козјак (кумановски) со највисок врв Перен (1326 м). Во поширока смисла, може да се смета како дел од големиот масив на Билино (Козјак, Герман, Билино, Чупино Брдо), иако има свои специфичности.
Жеден, со највисок врв Голем Камен (1264 м).
Конечка Планина (Серта) со Градешка Планина и Плауш, со највисок врв Волчјак (1159 м).
Клепа, со највисок врв Клепа (1149 м).
Водно, со највисок врв Крстовар (1066 м). Според сите карактеристики (релативна височина од 800 м, површина од 100 км кв., просечен наклон над 10 степени), Водно претставува планина.
Манговица, со највисок врв Асаница (874 м).
Градиштанска Планина, со највисок врв Градиште (861 м).
Руен, со највисок врв (во Македонија) Ланиште (775 м).
Богословец, со највисок врв Св. Јовански Рид (755 м). На граница помеѓу мала планина и истакнат рид, особено во однос на површината од само 20 км кв. Сепак, има релативна височина од 500-550 м и просечен наклон од речиси 20 степени!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име