Дома Живот Колку вода треба да пиете во текот на летото?

Колку вода треба да пиете во текот на летото?

871
0


Телото губи повеќе течност во текот на летото, па затоа е уште поважно да внесете доволно вода. Но, колку вода навистина треба да пиете во текот на летото? Еве што велат експертите.

Нутриционистката Лорен Минчен наведува дека тоа зависи од телесната тежина и од самото тело.

„Точната количина на вода што е потребна зависи од личноста, но за активни возрасни, се препорачува внесување од два до четири литри на ден. Потребите може да варираат во тој опсег со промена на надворешната температура “, рече Минхен.

Таа додаде дека на вашето тело најверојатно ќе му треба повеќе вода ако редовно вежбате. Нутриционистката Ејми Шапиро истакнува дека е важно да ја надоместите течноста што ја губи човекот преку потење. Клиниката Мајо препорачува пиење 2,7 литри вода дневно за жени и 3,7 литри за мажи.

Знаци дека ви треба вода…
Бојата на урината може да ви каже дали треба да пиете повеќе вода. Шапиро и Минчен наведуваат дека урината треба да има светла боја, а ако е темна, тоа е знак дека ви треба вода. Замор, сува кожа, грчеви во мускулите, запек и вртоглавица се исто така индикатори за дехидрираност.

Покрај пиење чаша вода, може да јадете и храна што содржи големи количини вода. Шапиро истакнува дека лубеницата е одличен избор во текот на летото, бидејќи има голема содржина на вода, пренесува објавата на Хаф .

Покрај лубеница, може да јадете и краставици, целер, брокула и спанаќ.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име