Дома Твој готвач Колач со кафе и ореви

Колач со кафе и ореви

837
0

Задоволство за секоја пригода.

Состојки:

– 200 гр путер

– 2,5 дл црно кафе

– 4 јајца

– 150 гр чоколадо за готвење

– 300 гр брашно

– 175 гр шеќер

– 200 гр мелени ореви

-1 прашок за пециво

– прстофат сол

– 1/2 лажичка цимет

Подготовка:

Прво сварете го кафето и оставете го да се излади, а потоа растопете го путерот.

Додека путерот и кафето се ладат, измешајте ги сувите состојки. Чоколадото исечкајте го на ситни парчиња.

Чоколадото измешајте го со брашното, прашокот за пециво, мелените ореви, па додадете го шеќерот, солта и циметот.

Изматете ги јајцата во поголем сад, па измешајте ги со кафето и путерот.

Потоа во влажната смеса малку по малку додавајте ги сувите состојки и убаво соединете ги. Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење.

Печете на 180 степени 35 до 40 минути. Ако користите вентилатор, не е потребно да ја загревате рерната.

Доколку ја немате таа опција, загрејте ја рерната на 160 степени и печете 35 до 40 минути.

Кога ќе се испече колачот, оставете да се излади и дури потоа исечете и послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име