КОЛАЧ: Се по две
Состојки
2 јајца
200 гр шеќер
200 мл масло
200мл млеко
200 гр мелени ореви
200 гр гриз
200 гр брашно за сите намени
2 рендани јаболка
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
50 гр Џем од кајсии
50 гр сечкани ореви
Подготовка
1.
Во соодветен сад измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се пенесати. Додадете масло, млеко, гриз и ренданите јаболка, брашно измешано со прашокот за пециво.
2.
На крај се мешаат ренданите јаболка и смесата се истура во намрсен и набрашнет плех (големина 20х35 см).
3.
Подготвената смеса печете ја во рерна загреана на 190°C 30 до 35 минути.
4.
Испечениот колач премачкајте го со џем од кајсии и посипете со сечканите ореви.
Послужување
Исечете ја тортата на коцки и послужете ја во чинија посипана со шеќер во прав и цимет.
Совет
Оревите можете да ги замените со мелени лешници.