Дома Твој готвач КОЛАЧ ОД СОСТОЈКИ ШТО СЕКОГАШ ГИ ИМАТЕ ДОМА

КОЛАЧ ОД СОСТОЈКИ ШТО СЕКОГАШ ГИ ИМАТЕ ДОМА

1323
0

КОЛАЧ ОД СОСТОЈКИ ШТО СЕКОГАШ ГИ ИМАТЕ ДОМА

КОМПОНЕНТИ:

5 јајца
5 лажици шеќер
10 лажици брашно
1 кесичка прашок за пециво

СИРУП :
300 гр шеќер
200 мл вода
2 парчиња лимон

ПОДГОТОВКА:

Одвојте ги жолчките и белките од пет јајца
Изматете ги белките додека не се стегнат, а во жолчките додадете шеќер и убаво изматете
Соединете ги жолчките и белките и измешајте
Во друг сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво
Матејќи со миксер, постепено додавајте брашно во јајцата
Истурете ја смесата во тавче подмачкано со масло од 20 x 35 см
Се пече на 180 ̊С додека не порумени, околу 15 минути
Кога ќе се испече оставете малку да се излади и подгответе го сурупот
Во тенџере измешајте вода и шеќер, доведете до вриење
Кога ќе зоврие, исечете две кришки лимон и варете 10 минути на ниска температура
Топлиот шербет полека и рамномерно прелијте ја врз ладниот колач
Се оставаат околу 45 минути да ја впие течноста, па се сече на коцки и се сервира.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име