Дома Живот Кои се знаците кога некој лаже…

Кои се знаците кога некој лаже…

894
0


За жал, кога некој лаже, неговиот нос не расте, така да ни остануваат само вербалните и невербалните знаци за препознавање лаги.

БОЈАТА НА ГЛАСОТ СЕ МЕНУВА
За да препознаете дека некој го менува начинот на зборување, прво мора да знаете како истата таа личност се изразува кога не е под притисок. Ако некое лице одговори остро и брзо на прашања, тогаш ќе препознаете дека лаже кога зборува полека за истата тема, паузира и повеќе не е толку сигурен или сепак објаснува со мирен тон кој станува агресивен во моментот.

ЛИЦЕ КОЕ ЛАЖЕ ИЗБЕГНУВА ДА КАЖЕ „ЈАС“
Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои лажат или се обидуваат да ја прикријат вистината, честопати ја избегнуваат заменката „Јас“ во разговор, наместо тоа зборуваат за себе во трето лице за да се дистанцираат што е можно повеќе од лагата.

ТОЈ ИМА ПОДГОТВЕН ОДГОВОР НА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ
Прашајте го вашиот сосед што направел минатата недела и тој веројатно ќе застани и ќе размисли за да се потсети. Лицето што лаже никогаш нема пауза помеѓу прашањата и одговорите, но веднаш има смислено одговори.

ЛИЦЕТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМИРИ
Ако некој извршува постојани физички движења без некое посебно значење, на пример, бришејќи прашина од масата пред него, можно е да лаже. Вината и напнатоста ги прават луѓето нервозни. Ова е особено точно ако некој го лаже партнерот, тогаш нема да може да седи мирен.

КОГА ЕДНО ЛИЦЕ СЕ КОЛНЕ ВО ВИСТИНАТА НА ОНА ШТО ГО ЗБОРУВА
За да нè убедат дека она што го зборуваат е вистина, лажговците често користат фрази како „Се колнам дека не сум јас“ или „Се колнам дека не си во право“. Овие изјави честопати можат да ги вклучат родителите и Бог, тоа не значи дека треба да веруваме
затоа што за да се оправдаат и заштити себе си, лажливците се подготвен на сè.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име