Дома Здравје Кои се главните разлики помеѓу козјото и кравјото млеко?

Кои се главните разлики помеѓу козјото и кравјото млеко?

1077
0

Кога станува збор за козјото млеко, тоа не само што е богато со хранливи материи туку е и доста вкусно, создава помалку воспаленија во организмот и лесно се вари.

Сирењата од козјо млеко се многу популарни и вкусни, а се користат во различни јадења. Сепак, повеќето луѓе не сакаат да пијат козјо млеко. Дали знаевте дека 65 отсто од светската популација пие козјо млеко? Има многу добар и интензивен вкус и е полн со хранливи материи како јаглехидрати, масти, калциум, фосфати, калиум, витамини Ц и Д.

Кога станува збор за кравјото млеко, тоа е тешко сварливо млеко и затоа многумина го избегнуваат. Богат е и со алергени и лактоза, што може негативно да влијае на дигестивниот и другите системи, според Пинквил.

Козјото млеко не само што е богато со хранливи материи туку е и доста вкусно и создава помалку воспаленија во организмот, има помалку алергени и лесно се вари. И затоа често е дел од различни диети. Покрај овие придобивки, козјото млеко има околу 30 отсто повеќе мононезаситени масни киселини.

Една од причините зошто луѓето помалку купуваат козјо млеко е неговата цена, тоа е многу поскапо од кравјото млеко. Исто така, неговата достапност е проблематична, потешко се наоѓа во продавниците. Од друга страна, кравјото млеко не само што е евтино, туку е и лесно достапно.

Козјо млеко:

  • лесно сварлива,
  • помалку алергени,
  • помалку воспаленија
  • висока содржина на калциум и протеини,
  • помага во намалување на холестеролот,
  • помага да се подобри квалитетот на кожата,
  • помага во апсорпција на хранливи материи.

Кравјо млеко

Една чаша кравјо млеко содржи околу 3,25% млечни масти . Има околу 149 калории и околу 7,9 грама масти и 4,6 грама заситени масти. Полномасното млеко е одличен извор на витамини А и Д, калциум, протеини и јаглехидрати.

  • добро е за коските, забите и мускулите,
  • им помага на децата да растат,
  • го подобрува здравјето на мозокот,
  • помага при слабеење.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име