Дома Здравје Кои работи го ослабуваат нашиот имунитет?

Кои работи го ослабуваат нашиот имунитет?

1041
0

Човечкиот имунолошки систем е составен од различни сегменти и тој е одговорен за борба против микробите и бактериите на кои сме секојдневно изложени, а од особена важност е зајакнувањето на имунитетот за време на корона вирусот. Иако е можно да го зајакнете вашиот имунолошки систем со вклучување на добри навики како што се добра исхрана и доволно сон, постојат голем број неочекувани фактори кои можат да го компромитираат вашиот имунолошки систем, без разлика колку напорно се трудите да останете здрави.

Во продолжение ви пренесуваме 3 работи кои го ослабуваат имунитетот.

Пасивно пушење
Поминувањето време со членовите на семејството кои пушат може да го оштети вашиот имунолошки систем. Истражувањата покажаа дека изложеноста на чад убива околу 600.000 луѓе секоја година и го зголемува ризикот од акутни респираторни инфекции и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Редовно земање антибиотици
Редовното инсистирање на антибиотици и при најмала инфекција може да го загрози и најздравиот имунолошки систем. Една неодамнешна студија на истражувачи од Харвард, МИТ и Wyss институтот покажа дека антибиотиците всушност можат да делуваат против телото и да го ослабат начинот на кој имунолошкиот систем го штити телото.

Валкани површини
Можеби ќе треба редовно да ги одржувате и чистите бирото и телефонот, но има многу други работи што ги допирате секој ден, а може да бидат полни со бактерии. Чанта за пазарење за повеќекратна употреба, скалите, па дури и туѓото пенкало може да бидат извор на многу бактерии. Иако е тешко соодветно да се изборите со ова, опремете се со антибактериски средства за чистење раце и влажни марамчиња

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име