Дома Здравје Кое е најдоброто овошје за појадок?

Кое е најдоброто овошје за појадок?

905
0

Како што сите знаеме, појадокот е најважниот оброк во денот. Сепак, подеднакво е важно што ќе избереме за првиот оброк. Добро избалансираниот појадок е основа за правилно функционирање на целото тело, во текот на целиот ден.

А кога станува збор за овошјето како избор, не интересираше дали е воопшто добар избор за појадок и ако е така – кое овошје е најдобро да се јаде наутро.

Овошје за појадок – да или не?

Полно со влакна и важни хранливи материи, овошјето е одличен додаток на добро избалансиран појадок. Без разлика дали ќе го изберете со смути или овесна каша, одредени овошја ќе донесат енергија во вашето тело и ќе ве направат попродуктивни во остатокот од денот.

9 идеални овошја за појадок

Агруми

Портокалите, лимоните, грејпфрутите и лимесот се одличен извор на витамин Ц, калиум и фитонутриенти кои имаат антиинфламаторно и детоксикативно дејство.

Јаболка

Ова овошје е богато со влакна, витамин Ц и антиоксиданси. Јаболката имаат антивирусно и антибактериско дејство и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Покрај тоа, тие им помагаат и на луѓето со сезонски алергии.

Малини

Оваа бобинка е идеален додаток на смути, каши и јогурт. Тие содржат фитонутриенти, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки, а полни се со влакна и витамин Ц.

Калинка

Ова овошје е одличен извор на антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали. Покрај тоа, содржи витамини Ц и К, како и калиум, влакна и фолна киселина. Совет е да додадете половина чаша семки од калинка во овесната каша.

Боровинки

Освен влакна, боровинките содржат витамин Ц, манган, фитонутриенти, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки кои го штитат срцето и го намалуваат ризикот од хронични заболувања.

Киви

Кивито не е толку популарно како јаболката, но е премногу богато со состојки кои го зајакнуваат имунитетот и поддржуваат подобро варење.

Диња

Дињите се богати со витамини А и Ц, калиум и влакна, а бидејќи содржат многу вода, тие се одличен начин за хидратација веднаш по будењето. Покрај тоа, тие содржат многу малку калории.

Банана

Многу популарно овошје за појадок, бананите содржат влакна, витамини од Б-комплексот и минерали како што се калиум и магнезиум. А освен тоа, многу заситува и ќе ви обезбеди енергија со часови.

Авокадо

Ова овошје е добар избор за појадок, а причината лежи во влакната кои го поддржуваат варењето и не одржуваат сити долго време. Можете да намачкате со авокадо на тост или да го додадете во омилениот рецепт за смути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име