Дома Живот Кога и зошто очите на бебињата ја менуваат бојата

Кога и зошто очите на бебињата ја менуваат бојата

1708
0

Повеќето бебиња се раѓаат со сини очи, но малку подоцна добиваат своја боја која ќе ги следи во текот на нивниот живот. Големи се шансите детето да ја наследи бојата на двајцата родители, но тоа не е правило, објаснуваат експертите.

“Кога се раѓаат бебињата, особено оние со светла кожа, тие имаат светла боја на очите поради многу малку меланин во нивните очи. Меланинот е пигментот кој им дава боја на очите, кожата и косата. Количината на меланин во ирисот, обоениот дел од окото ја одредува бојата на очите што ќе ги има човекот“, објаснува детскиот офталмолог Даглас Фредрик.

Генетиката одредува колку меланин или пигмент ќе има човекот во своето тело.

ДНК што бебето ја добива од родителите одредува дали ќе биде кафеава, сина, зелена или друга боја. Детето може да се роди со сини очи, бидејќи очите понекогаш произведуваат малку или воопшто не произведуваат меланин додека бебето е во утробата.

Меѓутоа, по раѓањето, светлината го стимулира производството на меланин, поради што бојата може да се менува со текот на времето.

„Бојата на пигментот не предизвикува промена. Во окото нема син, сив, зелен или кафеав пигмент“, нагласува офталмологот и додава дека единствениот пигмент што го имаме во очите е кафеавиот, а количината на тој пигментот одредува дали нечии очи ќе бидат посветли или потемни.

Еден родител со кафени очи плус друг родител со кафени очи треба да има бебе со кафени очи, нели? Да, но не секогаш. Постојат повеќе гени во нашето тело кои придонесуваат за бојата на очите. Дури и ако двајцата родители имаат кафени очи, можно е бебето на крајот да има сини очи ако родителите имаат гени за сини очи некаде во генетската конституција, односно ако имаат мутиран ген кој може да се пренесе преку серија на генерации како рецесивни.

Експертите велат дека најголемата промена најверојатно ќе се случи во периодот од шестиот до деветтиот месец од животот. Во текот на неколку недели или месеци, може да забележите и дека бојата на очите на бебето станува потемна.

„Промената е толку постепена што можеби нема ни да ја забележите додека еден ден вашето дете не се разбуди со друга боја на очите“, објаснува офталмологот.

До 12 месеци, повеќето бебиња имаат постојана боја на очите, иако д-р Фредрик вели дека бојата на очите на некои деца може да се промени до шестата година од животот.

Сепак, ваквите случаи се ретки и промената не се случува преку ноќ.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име