Дома Светски дестинации Кинезите го отворија својот најдолг подводен тунел

Кинезите го отворија својот најдолг подводен тунел

1433
0

По четири години изградба, Кина го отвори својот најдолг подводен тунел досега, кој е дел од автопатот.

Станува збор за тунел Таиху, долг 10,79 километри, кој се протега под езерото Таиху во источната кинеска провинција Џиангсу. Владини претставници соопштија дека изградбата на тунелот чинела 1,56 милијарди долари, а работата започнала на 9 јануари 2018 година.

Во изградбата на двонасочниот тунел се употребени два милиони кубни метри бетон, а должината на неговите шест ленти е 17,45 метри. На таванот на тунелот е поставено LED осветлување во бои дизајнирани да го спречат заморот на возачите.

Тунелот е дел од автопатот Чангжу-Вукси долг 43,9 километри, кој беше отворен на 30 декември 2021 година. Овој автопат е алтернатива за патниците кои патуваат помеѓу Шангај и Нанџинг.

Поврзувајќи ги автопатите Сужоу, Вукси и Чангжу, новиот автопат има задача да го намали сообраќајниот притисок врз градовите покрај езерото Таиху и да го промовира урбаниот развој во делтата на реката Јангце.

Најдолгиот подводен тунел во светот се наоѓа во Норвешка, а тоа е тунелот Рифаст долг 14,2 километри кој ги поврзува Ставангер и Странд

Извор: CNN

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име