Дома Здравје Кафе со лимон за слабеење: Истражуваме дали новиот тренд на TikTok навистина...

Кафе со лимон за слабеење: Истражуваме дали новиот тренд на TikTok навистина функционира

1035
0

Кафето со лимон за слабеење е најновото во низата трендови на TikTok , но колку е здраво и ефикасно?

Деновиве TikTok е преплавен со видеа на кои корисниците се колнат во нов тренд за губење на вишокот килограми. Наводно, шолја кафе со сок од половина лимон или лимета помага во согорувањето на маснотиите.

Чудесните резултати прикажани на снимката се малце чудни, бидејќи неверојатните трансформации навистина делуваат како измама. Но, што велат експертите за сето ова?

Кафе со лимон за слабеење

За жал на сите оние кои имаат проблеми со вишокот килограми, лекарите за почеток напоменуваат дека не постои магична напивка која ќе ви помогне да ослабете преку ноќ.

Од научна гледна точка, всушност, ниту една храна сама не ги согорува масните наслаги. Кафето навистина го забрзува вашиот метаболизам, но ова се мали промени за телото. Од друга страна, лимонот поволно делува на имунитетот, го подобрува и метаболизмот, а во комбинација со течност (најчесто вода) го хидрира организмот.

Од сето горенаведено, не е чудно зошто многумина би помислиле дека оваа комбинација навистина помага за слабеење.

Сепак, единствениот начин да ја трансформирате фигурата и да ги изгубите вишокот килограми е балансирана исхрана и физичка активност, се согласуваат експертите. Затоа, доколку наидете на вакви „волшебни“ пијалоци или методи кои кружат на социјалните мрежи, потсетете се на зборовите на експертите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име