Кратко би рекле и двата во одредени количини…. Од една страна има луѓе кои се страствени љубители на кафето, од друга страна има и такви кои не вкусуваат кафе, но уживаат да пијат чај. Факт е дека двата пијалаци содржат кофеин, но кој е навистина подобар за вашето тело? Добрата вест е дека и чајот и кафето се многу здрави, особено без засладувачи и дополнителни вкусови. И двата пијалаци можат да бидат дел од здрава исхрана, а ваш е изборот за кој од овие двајца ќе се решите. Сепак, двата пијалаци имаат некои специфични здравствени предности и недостатоци, кои треба да ги земете предвид пред да се прогласите за приврзаник на кафе или чај. Предности на кафето: Подолг животен век и подобра меморија. Истражувањата покажаа дека дневното конзумирање на кафе го намалува ризикот од хронични заболувања. Исто така, луѓето кои пијат кафе, во просек 3 чаши на ден, имаат подолг животен век. Кафето исто така има корисен ефект врз мозочните функции и ја чува меморијата на долг рок. Покрај тоа, пиењето кафе денес е социјален настан, што е првенствено важно за дружење и разговор. На овој начин, пиењето кафе позитивно влијае на вашиот емотивен и социјален живот. Предности на чајот: Го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува ризикот од канцер. Несомнено е дека чајот има добра репутација, бидејќи освен што влијае на слабеење, го зајакнува и имунитетот. Пиењето чај ги релаксира нашите нерви и ја намалува количината на стрес. Зелениот и црниот чај содржат повеќе антиоксиданти од кафето. Иако звучи неверојатно, но недостаток на двата напитоци е кофеинот, кој влијае на многу органски системи, ни создава напнатост и влијае на крвниот притисок. Една чаша кафе има околу 92 милиграми кофеин, а една чаша чај 47 милиграми.Кој е вашиот избор?