Дома Здравје Камења во жолчката, како да ги намалите болките…

Камења во жолчката, како да ги намалите болките…

1329
0

Избегнувајте масти и слатки…
Дали страдате од камења во жолчката? Еве што можете да направите за да ги намалите болките: започнете со правилна исхрана.

Камењата во жолчката се формации формирани во жолчното кесе, мал орган кој наликува на вреќа, сместен веднаш под црниот дроб, со дијаметар од 2 mm до 5 cm. Холелитијаза е името на болеста што се јавува кога камењата се формираат од компоненти на жолчката, главно холестерол и билирубин – отпадни производи од крвта. Камењата во жолчката може да предизвикаат блокирање на неколку делови од дигестивниот систем и на тој начин да доведат до напади на жолчката (жолчка колика). Болката најмногу се чувствува во горниот десен дел на стомакот, веднаш под ребрата, но може да се прошири и до пазувите. Меѓутоа, жолчните камења обично не предизвикуваат блокади и се безболни и во тој случај се нарекуваат „тивки жолчни камења“.

Во тој случај, не јадете мрсна храна. Премногу масти во телото доведува до зголемување на холестеролот и негово излачување во жолчката, поради што се формираат камења. Затоа, треба да ја прилагодите исхраната за да ја спречите и ублажите непријатноста.

Лесната храна со малку маснотии и лесно сварлива е идеален избор. Треба да јадете умерено и неколку пати во текот на денот, а по оброкот да лежите половина час.


Од храната што треба да јадете се овошје и зеленчук: блитва, брокула, морков и спанаќ, но не и зелка, кељ, краставица, компири и пиперки. Истото важи и за свинско месо, маст и сувомеснати производи. Можете да јадете телешко месо, мисирка, пилешко и риба, но не и сардини. Исто така, избегнувајте јајца, маргарин, јаткасти плодови и зачини како бибер, цимет и мелен пипер. За време на диетата се препорачува да се пие што повеќе чај, а дозволено е и какао и обезмастено млеко.

Елиминирајте го алкохолот, слатките, кофеинот и млечното чоколадо. Не јадете панирана и пржена храна бидејќи дополнително ја иритираат жолчката. Наместо сончогледово, земете маслиново масло, кое може значително да го намали нивото на штетниот холестерол во крвта.

Не е доволно само да се ограничи внесот на шеќер и масти. Исто така, неопходно е да се зголеми физичката активност. Лесните вежби и секојдневните прошетки ќе го подобрат вашето здравје и ќе ја намалат тежината.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име