Дома Здравје Како да се намали холестеролот?

Како да се намали холестеролот?

1165
0

Холестеролот може да предизвика голем број здравствени проблеми, но постојат начини да помогнете многу брзо да го намалите во нивото на крвта.
Холестеролот може драстично да го зголеми крвниот притисок, да ги влоши проблемите со телесната тежина, да го намали протокот на крв во телото и да доведе до компликации како што се болка во градите, болки во стомакот, камења во жолчката, но исто така може да доведе до проблеми со срцето.
Исто така постои и „добар“ холестерол кој помага при производство на клучни масти и регулирање на телесната тежина, но многу е важно да се намали нивото на „лош“ холестерол во организмот. Холестеролот природно се произведува во црниот дроб, но храната што ја јадеме ја зголемува количината на лош ЛДЛ холестерол во споредба со добриот ХДЛ холестерол .
Луѓето треба да се грижат за холестеролот , без оглед на возраста. Позитивните промени во животниот стил можат значително да го продолжат животот.

Ние ви донесуваме 3 начини за ефикасно намалување на холестеролот :

Внимавајте што јадете
Првиот чекор е да ја погледнете декларацијата на производот пред да ја купите. Обрни внимание на транс масните киселини кои инаку содржат прекумерно ниво на ЛДЛ холестерол. Ако пронајдете траги на хидрогенизирани масла / масти во производи како чипс, размислете пред да го купите тој производ.

Зголемете го внесот на вода
Пијте доволно вода затоа што водата е поповолна за организмот отколку што можете да замислите. Зголемувањето на внесот на вода или едноставно внесување на повеќе од пет чаши вода на ден ви овозможува детоксикација и исфрлање на лошиот холестерол и токсини, истовремено намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања за 50 до 60 проценти.

Физичка активност
Многу е важно да направите одредена физичка активност затоа што исто така го регулирате нивото на холестерол со движење. Експертите тврдат дека и кратките прошетки и вежбите прават чуда за телото и го намалуваат ризикот од влошување на состојбата на органите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име