Вечната дилема со која се соочуваме е – дали јајцето што го купивме е навистина свежо. Дали сакате да бидете сигурни? Направете 3 кратки тестови кои траат само неколку секунди…
Проверете го јајцето во неколку чекори: Илустрација
ТЕСТ 1
Истурете вода во длабок стаклен сад или чаша. Нежно пуштете го јајцето во чашата и гледајте што ќе се случи.
- Свежото јајце целосно ќе потоне и ќе се „залепи“ на дното
- Малку постаро јајце ќе биде делумно на дното, а другото ќе се издигне на површината
- јајцата што пливаат на површината на водата се ризични за конзумирање и тоа затоа е подобро да не ги користите.
ТЕСТ 2
Земете го јајцето во рака и држете го до увото . Нежно протресете го и слушајте го звукот што доаѓа од внатрешноста на јајцето.
- Ако не слушате звуци, јајцето треба да биде свежо и добро за конзумирање
- Ако јасно се слуша звукот на клокотот од јајцето, најверојатно е старо и не треба да го подготвувате за јадење.
ТЕСТ 3
Подгответе јајце и голема, бела чинија . Земете едно јајце, нежно скршете го на чинија и набљудувајте го неговиот изглед.
- Ако жолчката стои цврсто и подигната, а белката остане собрана околу неа, јајцето е свежо.
- Ако жолчката е цврста, но малку се распослала и сплеснала, а белката е проѕирна и се уште не е целосно истурена на чинијата, јајцето е постаро, но сепак добро за консумирање.
- Ако жолчката е мека, целосно сплескана или веднаш истурена, а белката е водена и целосно истурена на чинијата, најверојатно јајцето е старо и не треба да го подготвувате за јадење.