Дома Живот Како да заспиете за 1 минута?

Како да заспиете за 1 минута?

927
0

Ако имате несоница или ви треба долго време пред да заспиете, обидете се со овој метод наречен „4-7-8-“ кој може да ви го промени животот!

  • Вдишете мирно низ носот 4 секунди.
  • Задржете го здивот 7 секунди.
  • Издишете полека преку устата 8 секунди.

Звучи едноставно и навистина е.

Како работи овој метод?

Кога сте под стрес или вознемиреност, количината на адреналин во крвта се зголемува, а дишењето станува побрзо и поплитко.

Оваа вежба за дишење делува како еден вид седатив. Намерното забавување на дишењето насилно го забавува срцевиот ритам што нè прави смирени. Со истата вежба, можеме да го смириме сопствениот ум фокусирајќи се на дишењето. За време на вежбање, активноста на централниот нервен систем се намалува и се олеснува чувството на вознемиреност.

Резултатот од овој метод е релаксација на целото тело. Што се однесува до брзината и силата на физичкиот ефект, таа често се споредува со анестезија. Индиските јоги го користат за време на медитацијата за да постигнат состојба на апсолутна релаксација.

Тоа е безбеден и целосно безопасен метод. Методот „4-7-8“ може да ви помогне да заспиете побрзо или поретко да се будите во текот на ноќта.

Може да го користите истиот метод на релаксација кога се чувствувате нервозни или возбудени за некој настан.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име