Дома Живот Како да го вратите стариот сјај на златото и среброто – совети...

Како да го вратите стариот сјај на златото и среброто – совети за чистење накит

4891
0



Омилениот, но и најчестиот накит што повеќето го носат е од сребро и злато. Секоја комбинација ја прават поубава, а нивната безвременост и популарност не се намалува. Сепак, сите сме се сретнале со феноменот дека по некое време тие ја менуваат бојата и стануваат потемни. За среќа, постои решение и начин да се врати оригиналниот сјај на златниот и сребрен накит.

Злато

Детергент за перење

Ефикасен начин за чистење на златото е со обичен детергент. Важно е само да земете што е можно поблаг детергент за перење, а ова е советот што ќе го дадеме кога станува збор за изборот на детергент за перење воопшто. Се што треба да направите е да додадете неколку капки детергент во зовриената вода и да го оставите златниот накит во таа вода околу еден час. После тоа, избришете го златото со сува крпа и чувајте го во кутијата во која вообичаено стои.


Aлкохол

Најпознатиот начин на чистење на златото е оној што ни го кажуваат нашите баби. Во шолја со алкохол ставете го златото од кое сакате да ги отстраните нечистотиите. Потребни се само неколку минути за накитот да го врати стариот сјај. На крајот, како и со секој начин на чистење, измијте го накитот и избришете го и полирајте со сува крпа.


Оцет

Алкохолниот оцет е уште еден начин на кој можете да го прочистите белото и жолтото злато. Истурете оцет во чаша, оставете го накитот околу 15 минути. После тоа, постапката е јасна – плакнење и полирање, а вашите златни обетки, ланчиња или прстен ќе изгледаат како првиот ден.

Пиво

Сè уште се држиме до алкохолот – тоа е пивото, кое лесно може да го врати сјајот на златниот накит. Натопете крпа во пиво, добро исцедете го и полиирајте го саканиот накит. После тоа, потребно е накитот да се избрише со сува крпа. Доколку имаат циркони или други украси на накитот, прескокнете го овој начин на чистење на златото, бидејќи пивото може да ги оштети.


Сребрo

Сода бикарбона

Најчестиот производ кој се користи за чистење на среброто е сода бикарбона. Како? Сребрениот накит посипете го со сода бикарбона и оставете го да отстои неколку часа. После тоа, истријте го среброто со памучна крпа. Ова е и наједноставниот и најефикасен начин за отстранување на нечистотијата од сребрените парчиња.

Пепел

Иако на почетокот можеби не звучи како паметна идеја, пепелта од цигарите всушност може да ги отстрани сите нечистотии од среброто. Одделете ја пепелта од цигарата и додадете неколку капки вода за да направите „паста“. Со помош на памучна крпа, која ќе ја потопите во добиената паста, среброто добро истријте го од сите страни. После тоа, накитот се мие, и се остава целосно да се исуши. На крајот, можете да го полирате со сува крпа.


Паста за заби

Пастата за заби може да послужи и како средство за чистење на среброто. Потребно е пастата да се нанесе на четка со која добро се втрива среброто. Кога целата насобрана нечистотија ќе падне, исплакнете го среброто во ладна вода, а потоа исушете го и полирајте.

Оцет

Како и кај златото, оцетот е ефикасно средство за чистење. Во шолја истурете 2 дл оцет, а среброто ставете го во течноста околу 20 минути. После тоа, ставете го среброто во загреана вода неколку моменти. Крајниот резултат ќе биде чист и сјаен сребрен накит.

Кој метод и да го изберете, не заборавајте дека треба редовно да се повторува.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име