Дома Здравје Истражувањата покажаа: Луѓето со оваа крвна група живеат најдолго

Истражувањата покажаа: Луѓето со оваа крвна група живеат најдолго

817
0

Истражувањата покажаа: Луѓето со оваа крвна група живеат најдолго

Истражувањата покажаа дека постојат одредени крвни групи кои се поотпорни на одредени болести, па овие луѓе живеат подолго и поздраво.

Имено, преку истражување, научниците потврдија дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на човекот. Научниците докажаа дека луѓето со крвна група А се помалку отпорни на маларија од другите крвни групи, па може да се каже дека крвната група А е „послаба“ од другите.

Долгорочните студии утврдиле дека крвната група која доминира кај сите други е крвната група 0. Докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен удар и срцев удар, дека помалку имаат проблеми често од другите крвни групи со меморија, како и со помала веројатност да страдаат од одредени видови на рак, како што се ракот на панкреасот и ракот на желудникот.

Поради тоа што организмот е поотпорен на болести, најдолго живеат луѓето со крвна група 0.

Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари се предизвикани од згрутчување на крвта. Дополнително, она што е добро за срцето е добро и за мозокот, па затоа многу фактори на ризик за кардиоваскуларни болести се и ризик фактори за ментални болести.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име