Дома Здравје Има причина зошто треба да бидеме внимателни со витамините

Има причина зошто треба да бидеме внимателни со витамините

914
0

Една неодамнешна студија спроведена во Холандија и објавена на порталот Jama Network Open покажа дека многу високи количини на витамин Б12 може да предизвикаат смрт.

Истражувачите го следеле нивото на витамин Б12 кај 5.571 лице во текот на осум години, со просечна возраст од 54 години.

Сите испитаници беа здрави на почетокот на студијата.

Студијата земала предвид бројни фактори кои можат да влијаат на смртноста – возраст, пол, индекс на телесна маса. Цигари и алкохол, дијабетес, малигни кардиоваскуларни заболувања и заболувања на црниот дроб и бубрезите.

Се покажа дека смртноста е двојно поголема кај луѓето кои имале многу високо ниво на витамин Б12 во телото, без разлика од која болест страдаат.

„Често луѓето земаат витамин Б12 без валидна медицинска причина. Високото ниво на овој витамин може да го промени цревниот микробиом на начин што го загрозува здравјето.

Засега не знаеме зошто тоа се случува“, вели Стефан Бакер, водач на студијата и професор на Медицинскиот универзитет во Гронинген, за Њујорк Тајмс.

Витаминот Б12 или кобаламин е суштинска хранлива материја, неопходна за здравјето на нервите и крвните клетки. Повеќето луѓе имаат доволно од него, додека лицата со недостаток на овој витамин треба да земаат додаток, но само со одобрение од лекар.

Витаминот Б12 најмногу го има во храната од животинско потекло.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име