Дома Здравје Имате ли зуење во ушите: Ова е причината, еве на што ве...

Имате ли зуење во ушите: Ова е причината, еве на што ве предупредува телото

12084
0


Тинитус (зуење во увото) е феномен кога слушате звук без присуство на надворешен звучен стимул. Односно, човекот потоа го слуша она што го нема.

Причините за тоа можат да бидат различни: може да има промени во крвните садови на главата и вратот, грч на мускулите на средното уво, болести на самото уво, повреда на главата или вратот, мултиплекс склероза, заразни болести, сифилис… Но и употребата на одредени лекови.

Покрај тоа, тинитус се јавува и кај луѓе со висок крвен притисок, како и кај луѓе со слаба циркулација.

Ако зуењето се појави поради слаба циркулација во ушите, таа личност треба да го елиминира кофеинот, цигарите, алкохолот и да го намали внесот на сол.

Понекогаш зуењето во ушите може да биде и резултат на наталожен восок. Кога премногу се акумулира во увото, може да го иритира тапанчето и да предизвика тинитус.

Доколку зуењето е често, ве советуваме да посетите лекар за да го проверите вашето здравје

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име