Оваа маска може значително да ја подобри состојбата на косата…
Честото боење или миење на косата, како и надворешни влијанија како што се ветер, прашина, сето тоа влијае на косата и ја прави послаба и без сјај. Косата, особено во зима, бара побогата нега. Секогаш е најдобро да се одлучите за домашни маски кои ќе ја обноват и ќе го забрзаат растот.
Оваа маска може значително да го забрза растот, а главната состојка е темното пиво.
Темното пиво содржи шеќер, хмељ, квасец и витамини од групата Б во големи количини. Исто така, содржи минерали како што се железо, калиум, магнезиум, фосфор и бакар. Сите овие витамини и минерали ја зајакнуваат косата, спречуваат кршење на косата, го враќаат сјајот и пред сè, го забрзуваат растот.
Медот има голема количина на хранливи материи и витамини Е, К, Ц, Б1, Б2 и Б6.
Постојат многу причини да ја испробате оваа маска.
Потребни состојки:
Половина банана,
1 жолчка од јајце,
1 лажица мед,
Половина чаша темно пиво,
Подготовка и примена:
Ставете ги сите состојки во мешалка и мешајте додека не добиете мазна смеса. Маската се нанесува на чиста, влажна коса. Пожелно е да се остави на косата околу еден час за да дејствува длабоко. Потоа измијте ја косата на вообичаен начин.