Дома Здравје Излечи го изгорениот јазик

Излечи го изгорениот јазик

1631
0

Нема човек кој барем еднаш не го изгорел јазикот со топла храна или пијалок.

Искуството покажува дека тоа најчесто се случува кога јадеме топло сирење, компири или месо, бидејќи овие намирници долго ја задржуваат топлината внатре.

Изгорениците на јазикот се исти како и каде било на телото, но не може да се третираат со мраз или на кој било друг вообичаен начин.

Меѓутоа, поради чувствителноста, јазикот може да трне и до три дена, да боли, да биде црвен и отечен.

За да го ублажите ова, откако ќе го изгорете јазикот, испијте голтка ладна вода и држете додека водата не се загрее, потоа исплукајте ја и земете ладна вода и повторете го тоа неколку минути.

Сè додека изгореницата е на јазикот, избегнувајте топла храна и пијалоци, бидејќи состојбата може да се влоши.

Изладете го со јогурт, пудинг, сладолед.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име