Дома Живот Избркајте ги непријатните мириси од дома со ориз и есенцијално масло

Избркајте ги непријатните мириси од дома со ориз и есенцијално масло

957
0

Тегла ориз во која сте додале есенцијално масло можете да ставите во секој агол од домот, дневната соба или бањата, за просторот секогаш да мириса пријатно.

Доколку сакате да ги неутрализирате непријатните мириси или да го спречите нивното појавување, ставете сад со ориз во шкаф или фиоки во кои сте го додале омиленото есенцијално масло.

Маслото од маточина е најефективно за отстранување на непријатниот мирис, а доколку сакате вашата гардероба да мириса суптилно, тогаш посегнете по есенцијалното масло од рузмарин, нане или лаванда.

Овој метод е многу подобар избор од купување на мириси за плакари полни со хемикалии. Исто така, ваква тегла исполнета со миризлив ориз можете да ставите во секој агол од домот, дневната соба или бањата, за просторот секогаш да мириса пријатно.

Кога ќе забележите дека мирисот е послаб, само повторно протресете ја теглата. Во зависност од количината на влага во просторијата, оризот ќе испушта мирис помеѓу четири и шест месеци.


Еве како да го направите:

Во тегла ставете до две чаши ориз.

Додадете 10 до 20 капки од вашето омилено есенцијално масло.

Покријте и добро протресете за рамномерно да се распореди маслото врз зрната.

Отстранете го капакот, а потоа покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумена лента.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име