YouTube може да биде бесконечен извор на инспирација кога се во прашање рецептите и идеите за подготовка на храна, а едноставно јадење за кое се потребни три компири, три јајца, сирење моцарела и зачини најдовме токму на оваа платформа.
Авторот на рецептот вели дека храната е совршен избор за вечера кога немате поим што да готвите, а состојките најверојатно веќе ќе ги имате во фрижидер.
Исто така, не бара посебни кулинарски вештини, а носи нов начин на подготовка на храната што ја консумираме секојдневно.
Состојки:
3 компири, 3 јајца, 5 парчиња сирење моцарела, магдонос, маслиново масло, путер, сол, бибер и црвен пипер
Подготовка:
Со нож за лупење, исечете ги компирите на тенки парчиња, а потоа потопете ги во ладна вода неколку минути.
Исечете го магдоносот и измешајте го со јајцата. Додадете ги другите зачини и добро изматете.
Компирите процедете ги и изрендајте ги измешајте ги со смесата со јајца и зачини.
Во загреана тава растопете го путерот и ставете слој од подготвената смеса од компири и јајца. Наредете ги кришките сирење и покријте ги со нов слој од смесата.
Покријте ја тавата и пржете на средна топлина 10 минути. Потоа превртете ја смесата и печете ја од другата страна уште 10 минути.
Извадете го во чинија и посипете со свеж магдонос.