Дома Живот Зошто чоколадото предизвикува зависност?

Зошто чоколадото предизвикува зависност?

689
0

Многу е важно какво чоколадо јадете, бидејќи може да биде добро за вас, но и да ве натера да се однесувате како зависник.

Млекото и белото чоколадо се полни со преработен шеќер, сол и масти, поради што се толку вкусни, а токму поради овие состојки се развива зависност и потреба од повеќе чоколадо, пишува NBC News.

Колку е пообработена храната, толку таа создава поголема зависност.

Не е познато зошто се случува ова, но оние кои прават чоколада знаат што ја прави вкусна, па затоа млечното чоколадо има многу повеќе шеќер од се што природно содржи шеќер.

Единственото чоколадо кое е добро за здравјето е темното чоколадо, кое е полно со добри хранливи материи.

Какаото што се користи за правење на оваа чоколада содржи голем број растителни биоактивни соединенија наречени полифеноли, а какаото во прав содржи 50 милиграми полифеноли на грам.

Кога купувате чоколадо, внимавајте колку какао има во него – колку повеќе, толку подобро.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име