Дома Здравје Зошто ни се врти во главата кога наеднаш ќе станеме

Зошто ни се врти во главата кога наеднаш ќе станеме

1692
0

Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, многу работни места бараат да седите долго време.

Повремено, може да се чувствувате чудно, да имате заматен вид или да почувствувате вртоглавица кога ќе станете. Овој чуден феномен се нарекува ортостатска хипотензија.

Според клиниката Мајо, ортостатската хипотензија е позната како постурална хипотензија или форма на низок крвен притисок што се јавува кога станувате по долго лежење или седење.

Други симптоми на оваа состојба вклучуваат заматен вид, слабост, а во тешки случаи, конфузија, несвестица и гадење.

Според експертите од Клиниката во Кливленд, причината за оваа појава е што крвниот притисок брзо опаѓа бидејќи телото ја менува положбата од седење во исправено.

Вообичаено, крвните садови во долниот дел од телото се стеснуваат кога стануваме, а крвниот притисок премногу опаѓа кога се менува положбата на телото – изјавил кардиологот Гај Маида, за Everiday Healt.
Ако овој процес не се одвива доволно брзо, протокот на крв во мозокот може да се намали, што ќе доведе до вртоглавица и чувство на несвест. Ортостатската хипотензија може да биде симптом на други состојби во нашето тело.

Според истражувачите од клиниката Мајо, луѓето кои се анемични имаат недостаток на витамин Б12, Адисонова болест или болест на тироидната жлезда, па затоа имаат поголем ризик да се здобијат со оваа хипертензија.

Срцевите заболувања и депресијата исто така го зголемуваат ризикот.

Дехидрацијата е често главната причина за ортостатска хипотензија, бидејќи недостатокот на вода може да го намали количеството на крв што циркулира во вените.

Доколку овие појави се случуваат често и во подолг временски период, треба да посетите лекар.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име