Дома Твој готвач Зимски ручек

Зимски ручек

1129
0

Одличен ручек за ладните зимски денови…

  • 1 кг компири
  • 400 гр колбаси за печење
  • 2 главици црвен кромид
  • 1 мал праз
  • 40 мл масло
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица мелен пипер
  • 1 лажичка мелена лута пиперка
  • сол, бибер, зачини по вкус

Компирите се лупат и се ставаат во огноотпорен сад. Додадете масло, брашно, мелен пипер, сол, бибер и други зачини по вкус. Добро измешајте.

Колбасите исечете ги на должина од околу 20 сантиметри и завиткајте ги во форма на полжав – секој полжав прободете го со чепкалка за да не се одвојат. Остатокот од колбасите исечкајте ги на ситни парчиња и измешајте ги со компирите.

Во огноотпорно тенџере со компири додадете млака вода колку да ги покрие компирите. Истурете вода по работ на садот за да не се измијат зачините од компирите. Врз компирот наредете ги полжавите од колбаси и притиснете ги во компирите.

Тавата се покрива со фолија, се пробива со вилушка на неколку места и се пече во загреана рерна на 180 степени 45 минути. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 15 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име