Дома Твој готвач Зимски коктели кои можете да ги направите дома…

Зимски коктели кои можете да ги направите дома…

1076
0

Сезоната на празници е најдоброто време од годината да се подготват некои од најдобрите Зимски коктели – од „снежна“ маргарита до коктели со вкус на чили….

Оваа празнична сезона и вие можете да приготвите и вкусите еден од овие коктели, а ние ви ги кажуваме тајните рецепти на три вкусни и едноставни Зимски коктели кои можете да ги искористите за да го изненадите вашето семејство оваа празнична сезона.

Снежна Маргарита

Состојки:

80 мл кокосово млеко,

1-2 лажички мед или мелен шеќер (можете да додадете повеќе или помалку, по желба),

60 мл текила,

15 мл рум со вкус на кокос,

15 мл ликер од портокал,

сок од половина исцедена лимета,

неколку ливчиња нане и брусница за декорација.

Постапка:

Загрејте ги кокосово млеко и шеќерот или медот на средна топлина во мал сад. Загрејте ги околу една минута, а потоа тргнете го од оган садот и оставете да се излади.

Наполнете ги чашите за коктел со мраз.Во шејкер за коктели, ставете текила, рум, ликер од портокал, сок од лимета и изладеното кокосово млеко. Протресете добро и истурете ги во чашите со мраз. Украсете со брусница и ливчиња од нане.

Зачинет-сладок Гринч

Состојки:

2 лажици мелен шеќер,

2-4 сецкани ливчиња од нане,

60 мл вотка,

сок од половина исцедена лимета,

сок од половина исцеден грејпфрут,

2 лажички мед,

1лажиче чили во прав,

малку пиво од ѓумбир и калинка за украсување

Постапка:

На плитка чинија измешајте ги шеќерот и нането. Рабовите на чашата потопете ги во шеќерот и нането, а потоа наполнете ја со мраз.

Во коктел-шејкер измешајте водка, сок од лимета, сок од грејпфрут, мед и чили во прав. Додадете мраз и протресете додека не се соедини, околу 1 минута. Истурете го во подготвена чаша, па додадете го пивото од ѓумбир и украсете по желба.

Мартини од пеперминт и бело чоколадо

Состојки:

40 мл ликер од бело чоколадо,

40 мл ванила вотка,

30 мл ликер од какао,

30 ml млеко,

15 мл ликер од мента,

сируп од бело чоколадо,

мелени бомбони од ментол за украсување.

Подготовка:

Подгответе чаша мартини, и обложете го работ на чашата со сируп од бело чоколадо, па натопете го во мелени бомбони од мента.Во шејкерот за мраз додадете ги ликерот од бело чоколадо, ванила вотка, ликер од какао, млеко и ликер од пеперминт и протресете.

Истурете го коктелот во подготвената мартини чаша.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име