Дома Нега и убавина Зголемено опаѓање на косата во есенските денови

Зголемено опаѓање на косата во есенските денови

1009
0

Есенските денови за голем број жени носат посебен проблем, а тоа е опаѓањето на косата. Ова „сезонско“ опаѓање на косата обично трае 6-8 недели, а ви ја откриваме вистинската причина за тоа.

Паѓањето може да се манифестира на неколку начини – после миење на косата во када, по чешлање, на перница после спиење. Многу жени се плашат кога ќе видат голем број паднати влакна, но не треба да очајуваат. Во овој период од годината тоа е сосема природно.

Со цел целосно да се разбере причината за ова, важно е да се знае како изгледа циклусот на раст на косата. Природниот циклус на раст на косата (анаген) трае помеѓу 2-6 години. Во секое време, околу 90% од нашата коса расте, додека остатокот е главно во фаза на одмор (телоген). Откако ќе опадне косата, фоликулите на косата мируваат околу 3 месеци пред целиот процес да се повтори.

Она што можеше да се заклучи по бројните истражувања е дека најголемата количина на влакна е во фаза на мирување во текот на летните денови, па наесен, откако ќе помине мирувањето, започнува процесот на опаѓање. Потоа, фоликулите мируваат малку подолго пред да почне да расте нова коса.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име