Дома Твој готвач За сите љубители на кокос: турскиот кешкул е идеално уживање за летните...

За сите љубители на кокос: турскиот кешкул е идеално уживање за летните денови

877
0

За сите љубители на кокос: турскиот кешкул е идеално уживање за летните денови

Пробајте го рецептот за вкусен кешкул, турски пудинг кој се прави за кратко време.
Турските слатки се надалеку познати и сите знаеме какви мајстори се кога станува збор за слатките.

Главната асоцијација е вкусната и сочна баклава, но Турците имаат и помалку комплицирани рецепти за кои не ви треба многу време, енергија или премногу скапи состојки.

Кешкул е познат турски десерт кој лесно и брзо се подготвува, а има вкус на топчиња од кокос.

Состојки:

500 мл ладно млеко

40 гр кокос

60 гр брашно

80 гр шеќер

кесичка ванилин шеќер

лажица путер

Подготовка:

Во малку поголемо тенџере сипете млеко, кокос, шеќер, ванилин шеќер и постепено додавајте брашно додека сето се меша со миксер. Добиената смеса ставете ја на шпорет и мешајте додека не зоврие. Кога ќе зоврие додадете го путерот, па продолжете да мешате се додека не се растопи путерот.

Добиената смеса истурете ја во четири помали чинии, покријте ги со проѕирна фолија и оставете во фрижидер да се излади. Задоволството можете да го посипете со ситно сечкани ф’стаци, кокос или лешници, по вкус. Пријатно!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име