Дома Твој готвач За здраво и добро утро: Напиток од банана и ананас

За здраво и добро утро: Напиток од банана и ананас

896
0

Напитокот од ананас и банана го забрзува метаболизмот и ги топи вишокот килограми, бидејќи има многу малку калории, а ќе ве засити и ќе ви обезбеди енергија за цел ден. Сокот од ананас содржи голем број на витамини и минерали, вклучувајќи витамин Б6, магнезиум, калиум и тиамин. Ќе задоволи дури 63 отсто од дневната потреба за манган, девет отсто од дневната потреба за бакар, а истовремено ќе го снабдува организмот со калциум, железо и фосфор.

Состојки:
Неколку прстени ананас
1 банана
150 гр јогурт
1/2 чаша млеко
2 лажички мед

Подготовка:
Излупете ги и пресечете ги на половина ананасот и бананата. Потоа сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека смесата не стане хомогена.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име