Викендот е одличен момент да си приготвите некој колач, ние ви го предлагаме колачот со лимон…
Лимонот е многу корисна храна и содржи витамини Ц , А, Б1 и Б6, како и минерали калиум , магнезиум , калциум и фосфор. Ова овошје е добро во борбата против настинки, грип, бронхитис, висок крвен притисок и камења во бубрезите.
Овој сочен колач е лесен за подготовка и воодушевува со својот освежителен вкус на лимон и сочната текстура.
Потребни состојки:
170 гр путер,
рендана кора од два лимони,
200 гр шеќер,
4 јајца,
260 гр брашно,
1 лажичка прашок за пециво,
150 мл млеко,
За прелив:
1 свежо исцеден сок од лимон,
2 лажици шеќер во прав,
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени.
Измешајте ги со миксер јајцата и шеќерот додека не добиете пенлива смеса. Потоа додадете ги омекнатиот путер, млекото, брашното, прашокот за пециво и ренданата кора од лимон и лесно измешајте. Истурете ја смесата во издолжен калап претходно обложен со хартија за печење.
Печете околу 45 минути, во зависност од јачината на рерната.
Извадете го од рерна и се додека е жежок потурете го колачот со преливот од со сок од лимон и шеќер во прав и оставете го да се излади.