Дома Твој готвач Зачинети кременадли (рецепт)

Зачинети кременадли (рецепт)

1637
0

Лесен рецепт за подготовка, идеален за љубителите на зачинети јадења.

Состојки:

  • 4 свински кременадли
  • 1 лажица лут сенф
  • 2 лажички вегета
  • суви зачини по избор
  • масло за пржење

Подготовка:

Измијте го месото, избришете го со хартиена крпа и лесно истолчете го со чекан за месо.

Зачинете ги со вегета од двете страни и со преостанатите зачини (рузмарин, ѓумбир, лук, ким…)

Само добро истријте ја едната страна од месото со сенфот.

Загрејте ја тавата, маслото треба да го покрие целото дно.

Ставете ги кременадлите на врело масло, страната од сенф треба да остане свртена нагоре.

Печете ги кременадлите само две до три минути од секоја страна.

Намалете ја температурата, прелијте ги со вода речиси да ја покрие и динстајте пополека околу 30 минути.

Свртете ги кон крајот еднаш додека не поруменат одозгора.

Послужете со пире од компири или ориз и салата по ваш избор.

Извор:Coolinarika

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име