Неодолива комбинација на кокос и чоколадо во кремасти пралини…
Малкумина се оние кои не сакаат кокос , а за сите други ви подготвивме многу едноставен и брз рецепт. Ќе биде потребно малку мешање, малку ладење и потопување во чоколадо за да се направат овие фини слатки закуски. Украсете и обликувајте по желба.
Состојки:
50 гр путер
1 лажица екстракт од ванила
малку сол
200 гр шеќер во прав
1 чаша кокос
1 лажичка екстракт од кокос
100 гр чоколадо за готвење
2 лажици сладок крем
Подготовка:
- Измешајте го путерот додека не стане пенлив, а потоа додадете ги другите состојки.
- Мешајте додека сè не се соедини во еднаква смеса. Оставете ја смесата во фрижидер половина час.
- Обликувајте ги пралините по желба. Повторно ставете ги во фрижидер 10 минути и подгответе го чоколадото за потопување.
- Во мало тенџере загрејте ги чоколадото и слатката павлака додека не се стопат.
- Потопете ги пралините и украсете по желба.