Заборавете на скапите третмани: Крем за беспрекорен тен по рецепт стар 2000 години
Не мора да трошите огромни суми пари на производи за нега на кожа. Можете сами да направите ефикасен лосион од природни состојки, според грчки рецепт стар 2000 години.
Овој препарат е фантастичен за нега на кожата на лицето , но е и ефикасно средство за отстранување шминка.
Неопходно е:
1 лажица мед
8 лажици рендан пчелин восоквосок
200 мл бадемово масло
половина чаша розова вода
Постапка:
На тивок оган растопете ги медот, восокот и бадемовото масло. Кога се добро ќе се стопи, тргнете ја смесата од оган и оставете да се излади, но не целосно.
Во топлиот восок капка по капка додавајте ја розовата вода со постојано мешање.
Кога лосионот добро ќе се измеша, истурете го во стаклени тегли кои ќе ги затворите дури кога препаратот целосно ќе се излади.