Дома Психолошки совети Ефектите од прегратките се неверојатни

Ефектите од прегратките се неверојатни

800
0


Раката околу половината или рамото му сигнализира на вашиот мозок да произведува помалку хормони на стрес
Секојдневното примање (но и давање) прегратки може да биде еден од најдобрите начини да останете здрави.

  1. Го смирува нервниот систем: Раката околу половината или рамото му сигнализира на вашиот мозок да произведува помалку хормони на стрес.
  2. Расте имунитетот: Се намалува лачењето на хормоните на стрес, вклучувајќи го и кортизолот, што овозможува да се зголеми бројот на клетки кои се природни уништувачи на штетните микроорганизми.
  3. Подобар сон: Само 10 минути гушкање пред спиење ќе ви помогнат полесно да заспиете, а дури и гушкањето во текот на денот ќе го олесни заспивањето кога ќе легнете навечер.
  4. Телото е преплавено со хормони на среќата: Се зголемува нивото на серотонин, невротрансмитер кој делува како природен аналгетик и антидепресив и окситоцин, таканаречениот хормон на љубовта.
  5. А тој што се прегрнува, станува со подобра волја: Оној што прегрнува може да почувствува уште поголеми придобивки од оној што е прегрнат. Нашите тела се програмирани да уживаат во допирот што, се разбира, важи само кога луѓето се гушкаат или сакаат едни со други.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име