Дома Твој готвач Едноставен колач со тиква (рецепт)

Едноставен колач со тиква (рецепт)

9713
0

Состојките веќе ги имате во кујната, а додека ја печете ќе мириса цела куќа

Искористете ја сезоната на тикви и направете ја оваа вкусна и едноставна торта за која сите ќе ве прашаат за рецептот

Тиквата е главниот предвесник на есента, а најдобар начин да ја искористите нејзината сезона е да ја направите оваа едноставна и вкусна торта. Подготовката никогаш не била полесна, само измешајте ги состојките и истурете ги во тавата, а додека го печете, прекрасниот мирис на цимет ќе се шири низ куќата.

Состојки:

500 гр тиква

3 јајца

1 чаша шеќер

3 чаши брашно

половина чаша масло

1 чаша јогурт

1 кесичка прашок за пециво

1 лажичка цимет

прстофат сол
Користете чаша од 200мл.

Подготовка:

Измијте ја, исчистете ја и изрендајте ја тиквата. Јајцата и шеќерот се матат, па се додаваат маслото и јогуртот. Се меша со блендер и се додава ренданата тиква. Брашното измешајте го со солта, прашокот за пециво и циметот и полека додавајте го во смесата со јајцата додека мешате со жица за матење. Лесно измешајте го тестото. Покријте го плехот со хартија за печење и истурете го подготвеното тесто. Печете го колачот околу 40 минути во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе се испече колачот, оставете го малку да се излади, па исечете го на коцки и по желба посипете го со шеќер во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име