Една шолја чај може да помогне во намалувањето на опасните телесни масти
Популарниот топол напиток може да ви помогне да изгубите тежина и да го намалите ризикот од поврзани здравствени состојби, сугерира истражувањето. Покрај тоа што е вкусен, овој пијалок има и антивоспалителни својства, помага во намалување на холестеролот и има разумна цена од само неколку центи по чаша.
Истражувањето објавено во Journal of Functional Foods препорачува конзумирање на зелен чај збогатен со катехини поради неговите корисни ефекти. Соединенијата на катехинот се природно присутни во листовите од чајот и се познати по нивните моќни антиоксидантни својства.
Зелените и белите чаеви содржат најголеми количини на катехини. Во истражувањето учествувале 104 луѓе на возраст од 20 до 65 години, поделени во две групи. Едната група консумирала пијалок со 609,3 милиграми катехин и 68,7 милиграми кофеин дневно, додека другата група консумирала контролен пијалок 12 недели.
На почетокот на студијата, како и во осмата и дванаесеттата недела, на учесниците им беа измерени стомачните масти, телесната тежина и составот на телото. Резултатите покажале значително намалување на висцералните масти и вкупната телесна тежина кај луѓето кои пиеле пијалок збогатен со катехини и кофеин.
Што е висцерална маст и зошто е опасно?
Висцералните масти се складираат длабоко во стомакот, околу органите. Иако мала количина е потребна за заштита и изолација на органите, прекумерните количини се поврзани со зголемен ризик од сериозни болести, како што се дијабетес тип 2, рак и срцеви заболувања.
Авторите на студијата забележаа: „Просечната висцерална масна површина, телесната тежина и телесните масти беа значително намалени по третманот со зелен чај збогатен со катехин, додека овие ефекти не беа забележани во контролната група“.
Тие додадоа дека мешавината од катехин и кофеин го стимулира енергетскиот метаболизам, што дополнително придонесува за намалување на мастите.
Придобивките од зелениот чај
Ова истражување се надоврзува на претходните студии кои ги потврдуваат придобивките од зелениот чај за слабеење и подобрување на метаболизмот на гликозата и липидите. Освен што помагаат за намалување на телесната тежина и маснотии, катехините од зелениот чај имаат и дополнителни својства. Имаат антиинфламаторно и антиоксидативно дејство, а влијаат и на намалување на холестеролот.
Точното мерење на висцералните маснотии е можно само преку медицински тестови. Сепак, може да добиете груба проценка со мерење на половината во висина на папокот. Кај жените, обемот на половината поголем од 89 cm може да укаже на прекумерно висцерално сало, додека кај мажите тоа е обем поголем од 101 cm.