Една едноставна храна може да ги заштити вашите очи и да ви го подобри видот, а тоа не се моркови и магдонос
Додадете ги во вашата исхрана и заштитете ги очите
Додека морковите со децении се сметаат за најдобар избор за здравјето на очите, новото истражување покажува дека ф’стаците може да бидат уште поефикасни.
Научниците од Универзитетот Тафтс во Масачусетс открија дека само 57 грама ф’стаци дневно можат да направат голема разлика за здравјето на вашите очи.
Ф’стаците содржат антиоксиданс лутеин, кој е клучен за зголемување на „оптичката густина на макуларниот пигмент“ (MPOD), кој помага во филтрирање на светлината од екраните, ја штити мрежницата и го намалува ризикот од дегенерација на очите.
Ф’стаци како заштита од губење на видот
- Нашата студија покажува дека ф’стаците не се само вкусна закуска, туку можат да бидат одлични и за здравјето на вашите очи. Јадењето мала количина секој ден може да ви помогне да го заштитите видот, особено додека стареете, вели д-р Тами Скот, невропсихолог кој ја водел студијата.
Во експериментот, од возрасните учесници кои имале низок внес на лутеин било побарано да јадат 57 грама ф’стаци дневно, со што го удвојуваат внесувањето на овој важен антиоксиданс.
Зошто ф’стаци?
Ф’стаците се богат извор на хранливи материи, вклучувајќи есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси.
Лутеинот, кој може да се најде во друга храна како брокулата и темнозелениот лиснат зеленчук, подобро се апсорбира од телото кога се зема со природни масти, како што се ф’стаците.
Ова е една од причините зошто ф’стаците се толку ефикасни за подобрување на здравјето на очите.