Дома Психолошки совети Еве како да го тргнете емотивниот товар и да бидете посреќни!

Еве како да го тргнете емотивниот товар и да бидете посреќни!

745
0

Ако станавте лик на погрешна приказна, време е да ја прекинете! Понекогаш доаѓа време кога нашиот живот не ни се допаѓа. За жал, луѓето често се плашат од каква било промена. Тие едноставно немаат храброст да го надминат она што не им се допаѓа, па затоа мора да продолжат да живеат со тоа.

Така се насобира непотребен товар, што на крајот нè уништува. Но, имаме право сето тоа и да го оставиме минатото. Па, да се ослободиме од товарот!

Ви предлагаме 10 работи низ кои можете да поминете и да ги оставите зад себе.

1. Можете да ја прекинете врската во која што се наоѓате ако чувствувате потреба. Можете да си заминете ако ве изневерат, ако ве третираат сурово или ако вашиот партнер едноставно не реагира на вас. Имате право да напишете своја сопствена љубовна приказна што ќе ве исполнува.

2. Можете да си простите на сите ваши грешки Вашето минато не треба да ја одредува вашата иднина.

3. Можете да се ослободите од вашите зависности Можеби не сте сигурни во вашите успеси, но ќе успеете. Вие сте многу посилни отколку што мислите.

4. Можете да престанете да се дружите со „погрешните“ луѓе – манипулатори или оние кои едноставно престанаа да бидат искрени со вас. Опкружете се со луѓе кои ви помагаат да се откриете, а не со луѓе кои постојаното ве сопнуваат.

5. Можете да се ослободите од сите оние квалитети што повеќе не ви требаат.

6. Можете да не ги оправдате непостигнатите планови Дали не го постигнавте она што го планиравте пред пет години? Повеќе не го сакате тоа? Имате право да ја преработите приказната и да ги редефинирате целите во кое било време.

7. Можете да дадете отказ на работа, ако се чувствувате незадоволни, немотивирани, не можете да го исполните својот потенцијал, каде што ве деградираат или каде што сте потценети. Можете да најдете нешто подобро за вас.

8. Никој не ви забранува да бидете на место каде ќе бидете поддржани и каде што ќе ви бидат дадени нови можности.

9. Можете да се откажете од стариот начин на живот ако тој веќе не ви се допаѓа.

10. Можете да оставите во минатото, сè што не ви се допаѓа кај себе.

Не мора да живеете засекогаш со вашите недостатоци. Дозволете си да станете подобри отколку што сте сега. Ако не ви се допаѓа какви што сте, променете се! Вие имате право на тоа.

Како што рече Мо Вилемс, американски писател, аниматор, актер и творец на книги за деца: „Ако станавте лик на погрешна приказна, време е да ја прекинете“. Запомнете, никој не може да ви го скрати тоа право.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име