Дубаи чоколадо, го носиме рецептот
Ова не е само обично чоколадо, туку вирален хит, искуство кое ги остави полиците во продавниците празни. Тајната не е во надворешниот изглед, туку во уникатниот фил од чоколадо, крцкавиот кадаиф и кремаст ф’стак, кои вака комбинирани го воодушевуваат секој вкус.
Кадаиф е вид традиционално тесто со крцкава текстура типична за блискоисточната кујна, составена од тенки прамени тесто, слично на тестенините, направени од брашно и вода. Најчесто се користи при подготовка на десерти како баклава, а кога ќе се натопи во сируп, нејзината текстура станува мека. Покрај кадаифот, кој можете да го набавите во специјализирани продавници, за ова ориентално чоколадо придонесува и неизбежниот вкус на кремаст ф’стак со јаткасти, слатки и кремасти ноти.
Направете своја верзија на Дубаи чоколадо
Доколку веќе не можете да го најдете во продавниците, почнете сами да го правите ова хит чоколадо, за кое ќе ви требаат:
30 гр путер
200 гр кадаиф, грубо исечкан
250 гр млеко и темно чоколадо, грубо исечкано (по 125 гр.)
170 гр крем од ф’стаци
Силиконски калап за чоколади
Подготовка:
- Во голема тава на средна температура растопете го путерот и додадете ги сечканите кадаиф тестенини, тостирајте ги додека не поруменат и не станат крцкави. Се трга од оган и се остава на страна да се излади.
- Чоколадото се топи на пареа.
- Во секој отвор во силиконскиот калап истурете тенок слој од растопено чоколадо и ставете го во фрижидер да се стегне, околу 10 минути.
- Во поголем сад се додаваат пржениот кадаиф и кремот од ф’стаци. Добро измешајте за смесата да биде униформа.
- Извадете го калапот од фрижидер и наполнете го со слој од смесата. По потреба дополнително израмнете го со лажица. Потоа, врз смесата прелијте ја преостанатата растопена чоколада и рамномерно распоредете ја преку калапот.
- Готовата смеса вратете ја во фрижидер околу еден час или онолку колку што е потребно смесата да се стегне и да се формира чоколадо. Уживајте!