Дома Здравје ДОМАШЕН ПРОБИОТИК, ПОЈАК ОД СЕКОЈ ЛЕК: Направете лимонада која ги чисти цревата...

ДОМАШЕН ПРОБИОТИК, ПОЈАК ОД СЕКОЈ ЛЕК: Направете лимонада која ги чисти цревата од 3 состојќи

10850
0

ДОМАШЕН ПРОБИОТИК, ПОЈАК ОД СЕКОЈ ЛЕК: Направете лимонада која ги чисти цревата од 3 состојќи

Доколку имате проблем со надуеност, гасови, сакате да ги детоксицирате цревата и да го подобрите варењето, тогаш пробиотската лимонада е вистинскиот еликсир за вас.

Лимонадата е освежителен пијалок кој го пиеме за задоволство, но и за здравјето на целиот организам. Напитокот кој е полн со витамин Ц и благотворно делува на имунолошкиот систем, сега може да донесе уште една здравствена придобивка – пробиотик.

Доколку имате проблем со надуеност, гасови, сакате да ги детоксицирате цревата и да го подобрите варењето, тогаш пробиотската лимонада е вистинскиот еликсир за вас.

Состојки:
6 чаши вода
1 шолја мед
1 шолја сок од лимон
1/2 шолја свежа сурутка

Подготовка:

Загрејте ја водата во тава на тивок оган, одржувајќи ја доволно топла за да се раствори медот (околу 40 степени C). Мешајте го медот постојано додека целосно не се раствори во водата. Исклучете го огнот и извадете ја тавата од шпоретот. Изматете ги сокот од лимон и сурутката во медената вода додека целосно не се соединат.

Истурете ја лимонадата низ тесна инка во шишиња со капаци. Затворете ги шишињата и оставете ја лимонадата на собна температура за состојките да ферментираат, приближно четири до седум дена. Можете да го отворите шишето за да проверите дали пијалокот станал неопходно газиран.

Како состојките на пробиотската лимонада влијаат на здравјето:
Медот служи како идеална природна замена за вештачките засладувачи и нуди дополнителни својства за зајакнување на имунитетот. Тој е одличен антиоксиданс, содржи растителни влакна и промовира здрави бактерии во цревата. Медот е силен антимикробен и антибактериски агенс, пишува тој.

Свежата сурутка (еден од главните протеини во млекото) е одличен извор на висококвалитетни протеини, бидејќи ги содржи сите есенцијални амино киселини, плус витамини и минерали. И тоа не би било лимонада без лимони, кои се полни со витамин Ц, моќни антиоксиданси и богати со есенцијални хранливи материи. Сепак, она што му дава на овој пијалок неговиот пробиотски ефект е ферментацијата, поради што е важно да се остави да отстои.

Пред да го употребите напитокот, консултирајте се со лекар кој има познавања за вашата здравствена состојба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име