Дома Здравје Докторот му дијагностицирал ДИЈАБЕТЕС, ВЕДНАШ ја елиминирал оваа ЛОША навика и промената...

Докторот му дијагностицирал ДИЈАБЕТЕС, ВЕДНАШ ја елиминирал оваа ЛОША навика и промената била неверојатна

673
0

Докторот му дијагностицирал ДИЈАБЕТЕС, ВЕДНАШ ја елиминирал оваа ЛОША навика и промената била неверојатна

Ризикот од дијабетес тип 2 е поврзан со количината на маснотии во пределот на стомакот. Многу лекари советуваат дека обемот на половината е она на што треба да се фокусирате кога станува збор за слабеење.
Секој од нас, објаснува д-р Мајкл Мозли од клиниката Мајо, има „праг“ на масно ткиво, а кога ќе го преминеме, се јавуваат здравствени проблеми. Тогаш маснотиите, наместо во масните клетки, ќе се депонираат во црниот дроб и панкреасот, ограничувајќи ја нивната работа и доведувајќи до болести.

Не е важно само што јадеме, туку и колку се движиме, а многумина го забораваат тоа. Поминуваме околу 12 часа дневно во седечка положба, прво на работа, а потоа на каучот во дневната соба. Ако на тоа се додадат осум часа сон, ќе испадне дека 20 од 24 часа не се движиме, што не е добро за нашето здравје – рекол докторот.

Со него се согласува и експертот за дебелина, професорот Џим Левин од клиниката Мајо.

Долгите периоди на седење убиваат милиони луѓе на долг рок, а многумина не се свесни за тоа. Проблемот не е само во калориите кои не ги трошиме при движење, туку и во хемиските процеси кои се случуваат додека седиме. Липопротеинската липаза, ензимот кој ги раствора мастите во крвта, драстично се намалува ако седиме долго и доведува до зголемување на маснотиите во крвта, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања – вели тој.

ОВИЕ ОБЛОГИ ДОНЕСУВААТ ГОЛЕМО ОСЛОБОДУВАЊЕ за време на топлото време: Варикозните и болните вени целосно исчезнуваат за 3 недели! (РЕЦЕПТ)

Седењето, особено после оброк, го продолжува „скокот“ на шеќерот во крвта, што го зголемува ризикот од дијабетес.
Дијагностициран со дијабетес тип 2 пред речиси десет години, д-р Мозли вели дека не ја сака теретаната и дека не можел да се натера да вежба.

Затоа решив да пешачам, и не можев да верувам каков ефект има тоа врз моето здравје. Секое утро пешачев само по половина час, некогаш сам, некогаш со жена ми. Честопати ќе се прошетавме навечер – објасни тој.
Движењето е многу важно за здравјето, не само за масата на телото, туку и за работата на срцето, за дигестивниот систем, па дури и за менталното здравје. Значи, ако не сакате да вежбате, советот на лекарот е – пешачете по половина час дневно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име