Дома Живот Доколку ја забележите оваа промена на јајцата, веднаш фрлете ги бидејќи не...

Доколку ја забележите оваа промена на јајцата, веднаш фрлете ги бидејќи не се добри за јадење

1293
0



Фини и вкусни, јајцата се храна полна со протеини и придонесуваат за здравјето.

Сепак, експертите предупредуваат дека јајцата понекогаш можат да бидат дом на опасни бактерии кои можат да предизвикаат здравствени проблеми

ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ЈАДАТ ЈАЈЦА?
Некои веруваат дека јајцата се добра форма за превенција од болести бидејќи го зајакнуваат имунолошкиот систем кој се бори против вирусите и инфекциите. Многумина тврдат дека секојдневното консумирање јајца не е здраво, но тоа не е точно. Единствената вистина е дека треба да се биде умерен. Имено, јајцата се најчистиот облик на протеин (белка) кој е корисен за организмот и слабеењето, а за нормално ниво на холестерол не треба да јадете повеќе од две јајца дневно – опасностите од холестеролот се кријат во жолчката. Едно јајце содржи околу 212 мг добар холестерол кој помага во регулирање на нивото на лошиот. Жолчката содржи и многу лутеин и зеаксантин , два антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација. Јадете јајца и во старост нема да имате проблеми со видот.

Сепак, треба да се внимава да не им е истечен рокот за да се избегнат здравствени проблеми. Поради оваа причина, Министерството за земјоделство на САД (USDA) советува дека е неопходно да се заштитите и да проверите дали јајцето е расипано пред јадење.

Еве што ќе открие дека треба да ги фрлите …

ПРОМЕНА НА БОЈАТА НА БЕЛКАТА ОД ЈАЈЦЕ
Ако белката добила нијанса на црна или розова, веднаш фрлете го јајцето, советуваат експертите од USDA. Промената на бојата, колку и да е суптилна, може да укажува на тоа дека се работи за расипана храна поради бактеријата Pseudomonas, а најчесто е одговорна за расипување на оваа храна, но и за труење со храна, велат експертите.

„ Оваа бактерија создава пигмент во белката , па доколку забележите дека белката ја нема познатата боја, фрлете ја“, советуваат експертите од Центарот за безбедност.

ПСЕВДОМОНАС БАКТЕРИИТЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ДРУГИ ВИДЛИВИ ПРОМЕНИ
Покрај боите што ги наведовме, едно истражување тврди дека оваа бактерија предизвикува и други видливи промени. Значи, тоа може да биде промена на мирисот, а белката да добие зеленикава боја.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име