Дома Здравје Докажано е дека овие намирници НИКОГАШ не треба да се мешаат

Докажано е дека овие намирници НИКОГАШ не треба да се мешаат

964
0


Ако јадете месо, тогаш ни случајно не го комбинирајте ова, штетно е…
Проблем може да биде храната која е многу популарна на нашите простори и често е задолжителна во исхраната. Имено, млекото и месото никако не треба да се комбинираат

Стариот римски лекар Целзус, кој живеел во првиот век п.н.е., ги советувал своите пациенти да внимаваат на комбинацијата на различни видови храна.

Американскиот нутриционист Херберт Шелтон спроведе истражување – кои видови на храна „најдобро делуваат во парови“, како и кои се многу лоши комбинации, а поединечно се многу корисни, како доматите и краставиците. Тој создал систем на комбинирање на храна наречен принцип Шелтон.

Херберт Шелтон утврдил дека постои храна која најдобро се консумира секогаш сама, а тоа е млекото. Оваа храна содржи протеини и масти, што значи дека е лоша комбинација со која било храна освен киселото овошје. Млекото, влегувајќи во киселата средина на желудникот, се коагулира и, доколку има друга храна во него, веднаш го обвиткува, спречувајќи пристап до желудечниот сок. Односно, додека млекото не се вари, процесот на варење на кој било друг производ не може да започне.

А особено е опасно да се зема млеко после месо. Постојат неколку причини за ова. Нутриционистот Људмила Денисенко наведува дека најлошото е што калциумот во полномасното млеко ја спречува апсорпцијата на железото од месото.

Група американски научници по серија студии заклучиле дека ако јадете храна која содржи висок процент на животински протеини (на пример, месо и сирење, месо и млеко), ризикот од иритација на гастроинтестиналниот тракт се зголемува за 74%.

На пример, сирењето содржи повеке фосфор и цинк од месо. Ако овие супстанции навлезат во желудникот во исто време, фосфорот ќе ја попречи целосната апсорпција на цинкот. Често, после јадење месо и сирење, човекот отекува, што е последица на ферментација во цревата. Истото се случува и ако месото се „измие“ со млеко. Американските научници исто така не препорачуваат јадење путер, павлака и јогурт со месо.

Млеко по месо, омлет со сланина, месо и сирење – ова се комбинации кои научниците ги споредуваат со штетноста од пушењето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име