Дневен хороскоп за четврток, 22 февруари! Девиците повторно ја разгоруваат старата љубов, Биковите пливаат во премногу обврски
Поради влегувањето на Венера во Водолија, овој знак ќе биде целосно неодолив, но и другите хороскопски знаци ќе имаат среќа кога е љубовта во прашање.
Еве што може да очекува секој хороскопски знак :
ОВЕН
ЉУБОВ: Денеска е особено лесно во вас да се разбуди страста , но личноста која ви се допаѓа ќе ја исплаши вашата страст. БИЗНИС: Верувате само во сопствените способности, што е најдобриот рецепт за успех. ЗДРАВЈЕ: Добро.
БИК
ЉУБОВ: Не го игнорирајте партнерот, кој денес ќе биде расположен за љубов . РАБОТА: Проблеми со подредените. Премногу обврски и работа, а премалку помош од оние кои треба да помагаат. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Сакате да ги истражите сите опции, што не е добро ако треба да бидете во стабилна врска. БИЗНИС: Успех во партнерскиот бизнис или започнување спор, кој ќе биде непријатен, но ќе има успешен крај. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
РАК
ЉУБОВ: Поволен ден за оние кои бараат сигурност во љубовта, но не возбуда или некоја посебна романса. РАБОТА: Денес пред се ќе ве интересира работата, особено приватната работа. ЗДРАВЈЕ: Песок во бубрегот.
ЛАВ
ЉУБОВ: Барате некој кој е способен за големи гестови на наклонетост и екстравагантни комплименти. РАБОТА: Можни се промени во работата и кариерата. ЗДРАВЈЕ: Послаба виталност.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Нема шанси да најдете нова љубов, но можете да оживеете стара љубов која веќе сте ја отпишале. РАБОТА: Добар ден за напредок на кое било поле, па и во кариерата. ЗДРАВЈЕ: Габични инфекции.
ВАГА
ЉУБОВ: Вашата ранливост е привлечна, но не дозволувајте вашата пасивност да ви го ускрати изборот. РАБОТА: Пари од се што е поврзано со превозот. ЗДРАВЈЕ: Нервен стомак.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Ќе се заљубите во некој што не треба и поради тоа ќе ги криете чувствата . РАБОТА: Најдобро работите кога тоа е за општо добро и на крајот за човештвото. ЗДРАВЈЕ: Променливо.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Ќе имате можности да комуницирате со разни луѓе, но ниту една нема доволно да ви се допадне. РАБОТА: Денес многу лесно можете да склучите поволна зделка. ЗДРАВЈЕ: Послаб апетит.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Ќе има многу нејасни емоции, особено ако сте сами или во нова врска и
проблеми во комуникацијата. РАБОТА: Успешна работа во странство. ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте алкохол.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Ќе забележите дека сте неодоливи, а тоа е затоа што пред неколку дена во вашиот знак влезе планетата на љубовта и убавината Венера. РАБОТА: Можно е да одлучите да се осамостоите. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
РИБА
ЉУБОВ: Ќе се чувствувате фрустрирано што нема да има напредок во оваа сфера. РАБОТА: Во моментов сте склони кон правење грешки, кои ќе ве обесхрабрат или ќе ве натераат да мислите дека не сте способни. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.