Дома Живот Дневен хороскоп за петок 23 февруари! Вагите треба да поставуваат граници, одличен...

Дневен хороскоп за петок 23 февруари! Вагите треба да поставуваат граници, одличен ден за работа за Биковите!

1071
0

Дневен хороскоп за петок 23 февруари! Вагите треба да поставуваат граници, одличен ден за работа за Биковите!

Од сите хороскопски знаци, Стрелецот ќе има најпродуктивен ден.


ОВЕН
ЉУБОВ: Во период сте кога лесно можете да се заљубите во некој што ви е пријател. РАБОТА: Времето на неволји и фрустрации е зад вас, сега ви треба нов план и јасни цели. ЗДРАВЈЕ: Чувствителни.

БИК
ЉУБОВ: Може да бидете претерано агресивни во обидот да ја придобиете личноста која ви се допаѓа. РАБОТА: Бестрашни сте и полни со енергија, поради што ова е ден за освојување нови „простори“. ЗДРАВЈЕ: Јадете подобро.

БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Можна љубов кон некој кој има врска со странство или кој е далеку. РАБОТА: Ќе добиете можност преку работа да ја изразите својата креативност и ова е поволен период за класичните уметници. ЗДРАВЈЕ: Болки во грлото.

РАК
ЉУБОВ: Ќе чувствувате незадоволство од моменталната ситуација, поради лошата комуникација со личноста која ви се допаѓа. РАБОТА: Размислете за сите понудени можности, но не бидете премногу пребирливи. ЗДРАВЈЕ: Променливо.


ЛАВ
ЉУБОВ: Можеби ве интересира некој со кој работите или некој со кој имате професионален контакт. РАБОТА: Влеговте во нова фаза и ќе започнете нешто ново со нов план или нова енергија . ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате добро.

ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Ќе ве интересира првенствено да имате некој до вас кој ви дава чувство на сигурност. РАБОТА: Ќе бидете фокусирани на тоа како да најдете нови начини на заработка. ЗДРАВЈЕ: Габични инфекции.

ВАГА
ЉУБОВ: Многу сте прилагодливи, што е добро за хармонија во врската, но сепак треба да поставите некои граници. РАБОТА: Поволен период за оние кои се занимаваат со креативност во група луѓе. ЗДРАВЈЕ: Внимавајте што јадете.

СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Многу сте субјективни, што ги засилува позитивните чувства, но и го отежнува решавањето на проблемите во врската. РАБОТА: Можно е премногу да сте се нафатиле и да сте преоптоварени. ЗДРАВЈЕ: Чувствителни.


СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Иако ќе имате можности за флерт, но не и за љубов. Тоа нема да ви пречи премногу денес. РАБОТА: Имате енергија за работа, а денес особено. Ништо нема да може да ве обесхрабри. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.

ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Со својата сериозност и стабилност лесно ги освојувате оние на кои им треба некој таков. РАБОТА: Ќе бидете многу продорни и способни за се, но можеби не и за почитување на туѓиот авторитет. ЗДРАВЈЕ: Аритмија.

ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Вашиот интерес за физичката компонента на љубовта ќе биде голем, но чувството за романса ќе ви недостасува. РАБОТА: Ќе се занимавате со управување со пари и парични текови. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.

РИБА
ЉУБОВ: Ќе се заљубите во некој со кој имате мали шанси да имате врска или барем не сериозна врска . БИЗНИС: Можно е да остварите плодно деловно партнерство. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име